Објавено на: 13.05.2008 Ажурирано на: 11.09.2023
Основни информации
Назив Универзална Инвестициона Банка АД Скопје
Седиште ул. Максим Горки бр. 6
ЕМБ 4646088
Вработени 407 (заклучно со 30.06. 2023 )
Преглед на финансиските активности кои Банката може да ги врши, согласно со дозволата за основање и работење издадена од Гувернерот на НБРМ
1. Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
2. Кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
3. Кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
4. Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меница)
5. Финансиски лизинг
6. Менувачки работи
7. Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи
8. Брз трансфер на пари
9. Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување
10. Изнајмување сефови, остава и депо
11. Тргување со инструменти на пазарот на пари (меници, чекови, сертификати за депозит)
12. Тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали
13. Тргување со хартии од вредност
14. Тргување со финансиски деривати
15. Чување на хартии од вредност за клиенти
16. Советување на правни лица вп врска со структурата на капиталот, деловната стратегија или други поврзани прашања или давање услуги поврзани со спојување или припојување на правни лица
17. Посредување во продажба на полиси за осигурување
18. Посредување во склучување на договори за кредити и заеми
19. Обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица
20. Застапување во осигурувањето
21. Економски-финансиски консалтинг
22. Маркетинг на задолжително и/или доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;
Преглед на финансиските активности кои Банката во моментот ги врши
1. Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
2. Кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
3. Кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
4. Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меница)
5. Менувачки работи
6. Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи
7. Брз трансфер на пари
8. Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување
9. Изнајмување сефови, остава и депо
10. Тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали
11. Тргување со финансиски деривати
12. Застапување во осигурувањето
13.Маркетинг на задолжително и/или доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.
Преглед на финансиските активности за кои, од страна на гувернерот на НБРСМ е изречена забрана или ограничување за нивно вршење.
///
Акционери со квалификувано учество
Име Цеко Тодоров Минев
Адреса Доспат 20 ВТ.2, Софија Бугарија
Акции кои акционерот ги поседува во Банката 198.994 обични акции, што претставува 36,45% од вкупниот број обични акции.
Акционери со квалификувано учество
Име Ивајло Димитров Мутафчиев
Адреса Крушеска Градина 28, Софија Бугарија
Акции кои акционерот ги поседува во Банката 198.994 обични акции, што претставува 36,45% од вкупниот број обични акции.
Износ на запишан капитал
545.987.000,00 денари
Број акционери кои немаат квалификувано учество во банката
Вкупен број акционери кои немаат квалификувано учество во банката 333
Вкупен број на обични акции кои ги поседуваат акционери кои немаат квалификувано учество 147.999 обични акции
Нивно вкупно учество во вкупниот број акции 27,10%
Структура на акционерскиот капитал на Универзална Инвестициона Банка а.д. Скопје според видот на акциите
Вкупен број на обични акции 545.987
Номинален износ на акциите 1.000,00 денари
Износ на СС 3.040.410.00 илјади денари
Адекватност на к-л 30.06.2023 18,98%
Висината на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик - 30.06.2023 Вкупен капитал потребен за покривање на кредитниот ризик изнесува 1.195.453 илјади ден.
Капитал потребен за покривање на кредитниот ризик за билансните ставки 1.165.558 илјади ден.
Капитал потребен за покривање на кредитниот ризик за вонбилансните ставки 29.895 илјади ден.
Висината на капиталот потребен за покривање на валутниот ризик - 30.06.2023 6.053
Висината на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик - 30.06.2023 Согласно Методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, Банката не пресметува капитал за покривање на пазарниот ризик.
Висината на капиталот потребен за покривање на ризикот од промена на цената на стоките - 30.06.2023 /
Висината на капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на изложеност - 30.06.2023 /
висината на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик - 30.06.2023 150.914 илјади денари
ПОДАТОЦИ ЗА СТЕПЕНОТ НА ЗАДОЛЖЕНОСТ – Јуни 30, 2023
Просечна стапка на задложеност 11,43%
Редовен основен капитал 2.754.859 илјади денари
Додатен основен капитал 454.393 илјади денари
Основен капитал 3.209.252 илјади денари
Износот на вкупната билансна изложеност којашто се користи за пресметка на стапката на задолженост 27.327.720 илјади денари
Износот на вкупната вонбилансна изложеност којашто се користи за пресметка на стапката на задолженост 463.556 илјади денари
Вкупните билансни побарувања на банката, согласно со последните финансиски извештаи 27.326.643 илјади денари
Вкупните вонбилансни побарувања на банката, согласно со последните финансиските извештаи 1.905.986 илјади денари
Разлики билансна изложеност Разликата се должи на изземањето на сметките за aкумулирана амортизација кај кредитите на и побарувањата од други клиенти во пресметката на стапката на задолженост согласно пропишаната регулатива.
Разлики вонбилансна изложеност Разликата се должи на примена на фактори на конверзија во пресметката на стапката на задолженост согласно пропишаната регулатива.
ПОДАТОЦИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ - Јуни 30, 2023 ПОДАТОЦИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТНИОТ РИЗИК
Износот на преструктурираните побарувања, согласно со Одлуката за супервизорските стандарди за регулирање на достасаните, а ненаплатени побарувања на банките. 116.332 илјади ден.
ПОДАТОЦИ ЗА РИЗИКОТ КОЈ ПРОИЗЛЕГУВА ОД КАПИТАЛНИТЕ ВЛОЖУВАЊА (СТЕКНУВАЊЕ КАПИТАЛНИ ДЕЛОВИ), КОИ НЕ СЕ ДЕЛ ОД ПОРТФОЛИОТО ЗА ТРГУВАЊЕ - Јуни 30, 2023
Краток опис на стратегијата на Банката за стекнување капитални делови во други правни лица. Банката има капитални вложувања во небанкарски финансиски институции кои претставуваат 0,41% од сопствените средства на Банката. Согласно со политиката на Банката капиталните вложувања во небанкарска финансиска институција или во нефинансиска институција се класифицирани како вложувања расположливи за продажба. Согласно Деловната и Развојна Политика на Банката не е предвидено зголемување на капиталните вложувања на Банката во наредниот период. За да се овозможи навремено и точно следење на изложеноста, во случај на промена на износот на капиталното вложување или зголемување на капиталните вложувања, Дирекцијата Управување со ризици и Службата за контрола на усогласеност со прописите даваат мислење за ефектите од вложувањето и усогласеност со поставените лимити. Согласно Деловната и Развојна Политика на Банката не се предвидени купување или изградба на деловни објекти за потребите на Банката. Одлуката за инвестирање во недвижности ја донесуваат Надзорниот и Управниот Одбор на Банката, при што Дирекцијата Управување со ризици дава мислење за ефектот на вложување во недвижности и следењето на лимитот поставени од НБРCМ.
Краток опис на политиката на Банката за сметководствено вреднување на капиталните вложувања. Капиталните вложувања во билансот на банката се класифицирани како расположливи за продажба. Тие се прикажуваат според нивната објективна вредност, со исклучок на капиталните вложувања кои немаат котирана пазарна цена и се мерат по набавна вредност намалена за загубите поради оштетување. Добивките или загубите од повторното мерење според објективната вредност се јавуваат како разлика помеѓу амортизираната набавна вредност и тековната објективна вредност на средството и се вклучуваат директно во капиталот и резервите, во позицијата Ревалоризациски резерви-Разлики од вреднување на средствата расположливи за продажба. Во управувањето со ризикот од капиталните вложувања Банката ги следи лимитите дадени во Законот за банки.
Износот на капиталните вложувања и нивната кла-сификација според видот, кои се предмет на тргување на Македонска Берза. Состојбата на капитални вложувања кои се предмет на тргување на Македонска Берза,се состои од влогови кај следниве правни лица: *Клириншка Куќа - Клириншки Интербанкарски систем АД: 6.730 илјади ден. *Централен Депозитар на хартии од вредност : 890 илјади ден. *Македонска Берза на долгорочни хартии од вредност : 5.486 илјади ден.
Секторската структура на капиталните вложувања (капитални вложувања во банки, други финансиски институции, нефинансиски институции, нерезиденти. Капитални вложувања во други финансиски институции: *Клириншка Куќа - Клириншки Интербанкарски систем АД *Централен Депозитар на хартии од вредност *Македонска Берза на долгорочни хартии од вредност
Кумулативниот износ на реализираните добивки (загуби) кои произлегуваат од отуѓувањето на вложувањата во текот на периодот за кој се објавува. Нема
Вкупниот износ на нереализираните добивки (загуби) од капиталните вложувања. Нема
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash