Мобилно банкарство |
Вашето слободно време е бесценето! Искористете ги удобностите на нашето Мобилно банкарство и заштедете!
- ON-LINE аплицирајте за кредитен продукт
- Затварете го достасаниот долг по кредитна картичка
- Следете ги:
- состојбите на трансакциски сметки, текот на трансакциите
- состојбите на депозити, кредитни картички, кредити
- авторизациите направени со картички
- курсни листи
|
Мобилна апликација My Unibank |
Вашата банка е насекаде со Вас - безбедно и удобно. Со Mобилната апликација My Unibank, можете брзо и лесно да ги проверите состојбите на Вашите банкарски сметки и депозити, да вршите плаќања во реално време, да добивате најнови информации за Вашите кредитни и дебитни картички. А ако барате експозитура или банкомат, апликацијата Ве упатува во најблиската и најпогодна за Вас. Сето ова е направено со современ интуитивен дизајн за да биде лесно и удобно за Вас. Новата апликацијата My Unibank е нова верзија со модерен изглед, подобрен кориснички интерфејс, лесна навигација, зголемен број на функционалности. Новите функционалности, покрај новиот модерен изглед, се создадени со цел на брз, практичен и иновативен начин, корисниците да ги завршат своите потреби за банкарски услуги. За постоечките корисници, новата апликација може да се активира без посета во експозитура и со примена на најдобрите практики и меѓународните стандарди за безбедност на овој вид на комуникација. |
Функционалности кои се вклучени во мобилната апликација се: |
- Можност за најава и потпишување со Биометрија
- Плаќања во земјата; Кредитен трансфер, Режиски трошоци, Буџетски плаќања
- Плаќања во странство
- Плаќања со тековна или идна валута
- Листа на одобрени примачи
- Плати на пријател (преку листата на телефонски контакти)
- Побарај пари од пријател (преку листата на телефонски контакти)
- Купопродажба на валута
- Договарање на курс
- Целосен достап до трансакции и авторизации со дебитни и кредитни картички
- Можност за затварање на достасан долг по кредитна картичка
- Копија на налог, зачувување на налог како шаблон
- Нотификации - за приливи, одливи, блокади, деблокади
- Брз преглед на документи за потпис и последни трансакции
- Изводи по сметки и депозити
- Креирање на извештаи за промет во период
- Вчитување на изводи, извештаи за промет и налози во .pdf формат и споделување
- On Line аплицирање за кредит
- Барање за СМС нотификации
- Барање за пакети
- Скенирање на QR код заради авторизации
- Информации за курсна листа
- Мапа на банкомати и експозитури со навигација за најблиската локација
- Приспособувања на јазикот за работа, лозинката, мерки за безбедност
- Доставување на пораки до Банката при потреба од менито поддршка и информација
- Информации за Тарифата на Банката, Општите услови користење на услуги во електронските сервиси на Банката, Политика за приватност
|
Апликациите My Unibank и UNI Tоken стануваат една апликација - My Unibank. Новата апликација My Unibank поддржува и скенирање на QR код за најава и потпишување на налози и документи и на web апликацијата на Банката и на мобилната апликација. Не сме забравиле и на Вашата сигурност Имате различни опции за да изберете лимити на трансакциите и приспособувања за безбедност, како што се должината на сесијата, политика на потврдување и друго. |
Од приспособувањето на апликацијата, можете да одберете: |
- Начин на потпишување на активните операции - плаќањата:
- сите операции на уредот со Токен;
- операции до одредени лимити на апликацијата со лозинка.
- Времетраење на сесијата на апликацијата. Не се препорачува да се користи неразумно долга сесија
|
Поддржани оперативни системи: |
Апликацијата е достапна за iOS, Android и Huawei со app store, со задолжителни минимални барања за верзија поставени од Банката. Во моментов, минималните барања се: Android 8.0 (API level 26) и iOS 11 |
Корисниците на апликацијата можат да бидат: |
- За плаќања (активно банкарство) – физички лица постари од 18 години;
- За извештаи (пасивно банкарство) – правни лица и физички лица над 18 години;
- Овластени лица на физички и / или правни лица.
|
Мобилната апликацијаMy Unibank е достапна за бесплатно превземање од каталогот за апликации поддржан од соодветниот оперативен систем (во моментов на Google Play, AppStore и Huawei со app store). |