Банкарски услуги од далечина
Без посета на експозитура
Со ова ново иновативно решение, клиентите на УНИ Банка ќе можат да ги користат
банкарските услуги од далечина, без да имаат потреба да посетат некоја од
експозитурите на Банката. На овој начин клиентите на Банката можат многу полесно
да го организираат своето време, а уште поважно да го заштедат своето време
Платформата “ID operated by Evrotrust” им овозможува како на постоечките така и
на новите клиенти на Банката да се идентификуваат и да потпишуваат документи во
дигитална форма со својот Квалификуван Електронски Потпис, во било кое време и
од било кое место во светот.